Пусиќ: Ќе и помогнеме на БиХ на нејзиниот европски пат

Од:

рватскиот министер за надворешни работи Весна Пусич денеска во Сараево најави натамошна поддршка за евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина и ги поттикна владејачките партии да ги спроведат неопходните реформи.

Како што јави агенцијата Хина, Пусиќ, која денеска се наоѓа во прва официјална посета на Босна и Херцеговина по формирањето на новиот состав на Советот на министри, со својот колега Игор Црнадак резмени мислења за билатералните односи и за примената на новиот приод на ЕУ кон Босна и Херцеговина, чија цел е да се забрза процесот на приближување на земјата кон ЕУ преку стимулирање на примената на економски и социјални реформи, како и изведување политички и уставни промени.

За реализација на овој план хрватското Министерство за надворешни работи се подготвува да организира работна средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветена на Босна и Херцеговина, а таа треба да се оддржи во предвечерието на средбата на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.

Средбата треба да се оддржи следната недела во Луксембург, а досега 20 министри од земјите-членки на ЕУ потврдиле дека ќе присуствуваат на неа.

Весна Пусиќ од Сараево посочи дека некои од претходните услови, што беа поставени пред Босна и Херцеговина за нејзиниот напредок кон ЕУ, беа „тешки за исполнување“.

Според неа, уште следната недела или најдоцна во мај официјално треба да се „одмрзне“ Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина, откако лидерите на политичките партии во земјата во февруари ја презедоа обврската да ги применат бараните реформи.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина