Пусиќ: Хрватска, Србија и БиХ имаат потреба од средства за запрашување против комарци

Од:

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави денеска во Виена дека на Хрватска, Србија и на БиХ им недостигаат средства за запрашување против комарци на поплавените подрачја и ја повика Европската унија да помогне во набавката за да се спречи епидемија на болести.

– Сега работиме на тоа државите членки да ни помогнат да најдеме средства, изјави Пусиќ и додаде дека се работи за 18.000 хектари во Хрватска, 40.000 хектари во Србија и 48.000 хекатори во БиХ поплавени подрачја.

Таа наведе дека се потребни и климатизирани контејнери за сместување луѓе, апарати за сушење поплавени куќи, електрични агрегати и полски болници.

– Ако има плус во овие несреќи, тоа е дека е мобилизирана солидарноста во регионот. Сега почнува нова фаза…со дефинирана институционална помош, додаде таа.

Конференцијата за Западен Балкан 1914-2014 во Виена се занимава со проширувањето на ЕУ, економската ситуација во државите од регионот и нивната европска перспектива.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он