Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Од:

Полицаецот Елвис Ќ. уби жена вечерва во трговски центар во Тузла, открива порталот Аваз.

Како што пренесува тој портал, тој бил во врска со Амра К., која ја убил со истрели од пиштол. Според тој портал, таа била сопственичка на кафулето.

– Има уште малку време до пензија, вели соговорникот на Аваз за убиецот.

Соговорниците рекле и дека двајцата биле во „некаква врска“, но не и во брак.

Министерството за внатрешни работи на БиХ потврди дека имало убиство.

„Вечерва околу 21 часот во ПС Центар е пријавено дека машко лице употребило огнено оружје во ТЦ Сјењак во Тузла, при што женско лице се здобило со повреди од кои починала. Осомничениот маж се оддалечил од местото на настанот, по што со брза интервенција на полициски службеници бил пронајден и одземена му е слободата“, соопшти полицијата.

Осомничениот полицаец бил уапсен од специјалците веднаш по убиството.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина