Прво пиеле, па се скарале, а потоа се обидела да го убие

Од:

Ф.Ѓ. (44) во вторникот во Белград е уапсена под сомнение дека со нож се обидела да го убие својот брачен другар Б.Р.(36), а во моментот на делото била под дејство на алкохол.

Според информациите, по апсењето имала околу 1,30 промили aлкохол во крвта.

Според наредбата на заменикот на Вишото јавно обвинителство во Белград, таа е задржана во полициска станица, а денеска ќе биде спроведена на распит.

Ф.Ѓ. и Б.Р прво заедно пиеле, а потоа се скарале. Жената потоа, најверојатно, посегнала по кујнскиот нож и со него го прободела партнерот во градите. Мирно ја чекала полицијата која веднаш и направила алкотест.

Двајцата живееле во контејнер недалеку од игралиштето на Палилула.

Жителите добро ги познаваат поради нивните секојдневни кавги.

Би можело да ве интересира

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

Двојно убиство во скопското село Стајковци: Си ги убил братот и снаата

Горан Наумовски

Белградското обвинителство бара притвор за еден од тепачите на генералот Чаѓеновиќ

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа

Руски наредник уби командант и пет војници