Белградското обвинителство бара притвор за еден од тепачите на генералот Чаѓеновиќ

Од:

Во Второто основно јавно обвинителство во Белград денеска е сослушан осомничениот С.А., откако бил приведен за настанот од 10 мај годинава, во кој беше повреден пензионираниот генерал Вукајло Чаѓеновиќ.

Осомничениот го искористил законското право да не дава одбрана за кривичните дела кои му се ставаат на товар – тешка телесна повреда, насилничко однесување и загрозување на безбедноста.

По рочиштето до Вториот основен суд во Белград е поднесен предлог за притвор, за да не влијае врз сведоците и да не го повтори кривичното дело или да го стори кривичното дело што се заканува дека ќе го стори.

Би можело да ве интересира

Голема тепачка во Аеродром, се истепале шестмина познаници

Во Белград мајка го пронашла својот мртов син, неговото тело се распаѓало

Две момчиња се истепале во Градскиот парк во Скопје

Државен правобранител учествувал во тепачка на деца и возрасни во Струга, има обвинение за пет лица

Горан Наумовски

Маж од Аеродром бил истепан од 24-годишно момче од Скопје

Насилници во Драчево нападнале маж и тројца малолетници