Прва жртва во поплавите во Белград, вонредна состојба во 16 општини во Србија

Од:

Српскиот штаб за вонредни ситуации ќе одржи денеска претпладне седница на која ќе биде разгледана актуелната ситуација предизвикана од поројните дождови и поплавите во државата. Со седницата ќе претседава премиерот Александар Вучиќ кој е и шеф на тој штаб, јави Танјуг.

Вонредна состојба е прогласена во 16 општини во Србија. Штабот за вонредни ситуации на Белград одржува седница утрово.

Белградскиот градоначалник синоќа изјави дека во Умчари се удавило едно лице, и тоа е прва жртва од поплавите во Белград. По седницата на Градскиот штаб за вонредни ситуации апелираше до граѓаните да ги почитуваат советите на надлежните органи.

– Во Умчари имаме и прва жртва. Се удави човек кој не почитувал совети од надлежни органи кои барале од него да се евакуира од куќата. Наша примарна цел е да избегнеме такви случаи, изјави градоначалникот Синиша Мали.

Само на територијата на Белград веќе наврнаа 55 литри вода по квадратен метар, што е колку и месечен просек на врнежи. Голем број возила на градскиот превоз на одделни линии од утрово во Белград сообраќаат на изменети траси заради дождот и големата колична вода на улиците и шините, изјави за Танјуг дежурен диспечер во Градското сообраќајно претпријатие Белград.

Градскиот штаб за вонредни ситуации донесе синоќа одлука основните и средни училишта во Белград да не работат денеска и утре, но затоа ќе работат градинките, јавуваат белградски медиуми.

Најкритична е ситуацијата во Колубарскиот и Мачванскиот округ од каде се евакуирани 60 луѓе. Исклучително драматична е ситуацијата во Вањево каде се излеа реката Колубара и создаде големи проблеми за жителите на градот. Реката Колубара утрово проби заштитни насипи на одделни места поради што е наредена евакуација на граѓани во делови од градот.

Железница на Србија од синоќа запре железнички сообраќај на пругата Белград-Бар откако е оштетена пругата на делницата Словац-Дивци. Дел од Ибарска магистрала, меѓу Чачак и Горњи Милановац е поплавен и сообраќај не се одвива.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија