Прва беседа на српскиот патријарх Порфириј: Хрватска стана мојата втора татковина

Од:

Во првата беседа по интронизацијата во Соборната црква во Белград, новиот поглавар на Српската православна црква, патријархот Порфириј, кажа дека неговата патријархална служба нема да оди по патиштата на парцијални интереси, ниту пак ќе содржи елементи на современa партизација и парцијалното бавење со политиката, туку ќе настојува да го негува соборниот дух.

Тој вети дека ќе продолжи да му служи на својот народ и во Хрватска.

-Хрватска стана моја втора татковина, а народот што го сретнав таму ќе остане пример за мене во годините што претстојат. Истото важи и за Словенија. Истата моја грижа и од сите нас ја заслужуваат и сите во Северна Македонија, кои ги чуваат големите светилишта со векови, кажа патријархот на СПЦ.

„Косово е за нас завет, кој е врзан за Новиот завет, кажа Порфириј.

-Затоа Косово е нишка за нас, папочна врвца што нè поврзува со нашата духовна историска колевка, суштината на нашиот идентитет, Косово е во нас, во нашите светилишта, во кирилицата, порача патријархот Порфириј.

Би можело да ве интересира

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Ана Ололовска

Приштина му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик

Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија

А1он