Прв женски гроб откриен во Света Гора

Од:

Коски, кои и припаѓаат на жена, биле откриени за време на реставрацијата под мермерниот под од византискиот храм во Света Гора, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Повеќето коски откриени под храмот, кои им припаѓаат на најмалку седум лица, се на мажи. Сепак, три останки од коските се помали и деликатни и по антрополошкото испитување е утврдено дека се женски.

За да се утврди нивното потекло, манастирот Пантократор, каде што се наоѓа храмот, побарал коските да бидат датирани со метод на радиојаглерод.

Архитектот Федон Хаџиандону, кој ја надгледува реставрацијата, вели дека тоа е прв случај да се открие погреб на жена на Света Гора. На жените им е забрането да влезат во монашката република уште од средниот век.

Само во многу ретки случаи, при пиратски напади или други инвазии, монасите привремено прифаќале жени во манастирите.

Постои и легенда за еден српски крал, кој ја однел својата сопруга на Света Гора. Таму таа била постојано носена в раце, бидејќи нејзината нога не смеела да стапне на земјата. Во просториите каде што влегувала, биле поставувани килими за истата цел.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси

Најмалку 20 случаи на Ковид-19 на Света Гора, забраната за посети продолжена до 15 април

Грција: Света Гора затворена за аџиите до крајот на февруари, викендов полициски час од 18 часот во Атина, Солун и на Халкидики

Жарко Настоски

Снежна војна на монасите од Света Гора

Маја Илиевска-Пачемска

Забранети посети на Света Гора

Ана Ололовска