Протести против Договорот од Преспа во Атина

Од:

Демонстрантите кои се против ратификација на договорот од Преспа со грчки знамиња в рацете и транспаренти дека „Македонија е грчка“ се собраа на повеќе локации низ Атина.

Демонстранти има и пред грчкиот парламент каде во моментов тече вториот ден од дебата за ратификацијата на договорот со Македонија за промена на името во Република Северна Македонија.

Протестите де организирани од различни организации и движења, но како главен протест граѓаните го сметаат оној пред парламентот кој е организиран од така наречениот „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Протестите засега се мирни, но како што пренесуваат грчките медиуми, бидејќи тие во изминатите неколку дена беа насилни, не се исклучува можноста истите сценарија да се повторат и денеска или пак во текот на ноќта.

Речиси 1.500 полицајци беа распоредени во Атина во пресрет на протестoт.

Дебатата во грчкиот парламент требаше да заврши денеска и доцна вечерва да се одржи и гласањето за договорот, но поради големиот број на пратеници пријавени за збор, гласањето беше одложено за утре.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица