Протести и контрапротести во Хрватска околу правото на абортус

Од:

Во повеќе хрватски градови денеска се одржуваат протести во знак на за поддршка на Мирела Чавајди – трудницата на која не и беше дозволено да ја прекине бременоста во Хрватска, по штп одлучи тоа да го направи во Словенија. Нејзиниот храбар јавен настап поттикна граѓански и правни дејствија и иницијативи.

Протестите наречени „Доста! Уништување на јавното здравје и занемарување на здравјето на жените!“ се одржаа низ цела Хрватска. Протесттите се одржаа во знак на солидарност со Чавајда, но и со сите жени на кои им бил ускратен законски гарантираниот абортус и други форми на здравствена заштита во Хрватска.

Освен во Загреб, граѓани протестираа и во Пула, Сисак, Риека, Сплит, Шибеник, Осиек, Задар и Корчула. Протестите во сите градови започнаа во 18 часот.

По речиси еден месец обиди да ја прекине бременоста Мирела Чавајда е на пат за Словенија. Во болница и рекле дека не може да направат ваква процедура за прекин на бременоста. Три недели претходно беше утврдено дека фетусот има голем тумор на мозокот, а прогнозата беше дека или ќе умре во утробата или ќе се роди со тешки болести и „ќе биде како растение“. Таа била и на приватен преглед, каде била користена софистицирана дијагностика, по што и било кажано дека нема спас за плодот. Но кога се обидела да ја прекине бременоста, советот што го добила од неколку државни болници и рекле: „Жал ни е, ништо не можеме да направиме, најдобро е да одите во Словенија“.

Овој случај предизвика голем револт во Хрватска, поради што се организирани и денешните протести.

– Доста е со уништување на јавното здравје и загрозување на животот на жените, многу лаги, изговори и манипулации, многу злоупотреби, малтретирање и тортура, многу политички игри на сметка на жените, рече Лана Бобиќ, една од организаторите на протестот.

Но, во Загреб се одржаа и контрапротести. – Овој свет е во тежок мрак и ова е показател за времето во кое живееме. Живееме во последните времиња, во последните денови. Тоа се знаци дека овој свет нема долго да трае затоа што се промовираат сите извртени вредности – рече еден антидемонстрант во мегафон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Снег во Хрватска: Заглавени камиони