Протест на Пленковиќ до Сасоли поради инцидентот со италијанските европарламентарци

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изрази остар протест поради инцидентот од 30 јануари, кога четворица италијански европратеници се најдоа на „зелената граница“ меѓу Хрватска и БиХ, од каде полицијата ги врати.

Во видео разговор со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, хрватскиот премиер кажал дека станува збор за приватна посета на четворица италијански пратеници од Клубот на Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите за да се предизвика инцидент и да се наруши меѓународниот углед на Хрватска, со непочитување на нејзините закони и институции .

Пленковиќ, наводно, го информирал Сасоли за напорите што Хрватска и нејзината гранична полиција ги прават за контрола на границата и за спречување на нелегално преминување, како и за напредокот на земјата во последните подготовки за влезот во Шенген, пренесе Хина.

Во разговорот, наводно, двострано бил потврден приватниот карактер на посетата на италијанските социјалистички претставници од ЕП и фактот дека таа на ниту еден начин не била организирана, ниту одобрена од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Пленковиќ доби мандат да формира влада

Пленковиќ: Имаме мнозинство за формирање нова Влада

Пленковиќ: Милановиќ ја води Хрватска во рускиот табор

Горан Наумовски

Пленковиќ најави распуштање на хрватскиот Сабор најдоцна до 22 март

Опсада во Загреб: На премиерот на Хрватска му се закануваат со убиство