Протест на Авганистанците сместени во Албанија

Од:

Група луѓе евакуирани од Авганистан откако талибанците се вратија на власт минатата година, денеска одржаа протести во Албанија со барање да се забрза нивното преместување во САД.

Група авганистански семејства во пристснишниот град Шенѓин, град на 70 километри северозападно од Тирана, ги повикаа САД да го забрзаат процесот на преселување, а жените и децата држеа транспаренти на кои пишуваше „Заборавени сме“.

Околу 2.400 Авганистанци беа евакуирани во Албанија во август и септември 2021 година и им беше дадено привремено сместување во Шенѓин и Драч. Финансиска поддршка за нивното сместување обезбедија САД и невладини организации. Албанската влада тогаш објави дека илјадници Авганистанци ќе поминат најмалку една година во Албанија пред да се преселат во САД, а неодамна изјави дека ќе ги задржи уште подолго доколку им се одложат американските визи.

Албанското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека 900 Авганистанци останале во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Талибанците имаат нова забрана за жените

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност