Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Од:

Спасувачките екипи кои трагаат по жртвите од минатонеделните поплави во Босна и Херцеговина пронајдоа уште две безживотни тела во областа Бутуровиќ Поље, населба во општина Коњиќ.

Ова на новинарите им го потврди Хусеин Хоџиќ, началникот на штабот на Цивилната заштита во Коњиќ, кој рече дека телото на маж било пронајдено откако испливало од локалната река. Тој бил пронајден од екипи во чамци и телото е пренесено во обвинителството за да се утврди неговиот идентитет.

Се уште трагаме по три жртви и се врши интензивно пребарување на теренот“, изјави Хоџиќ.

Тој посочи дека десетина села во општината се уште се отсечени од светот бидејќи се уништени локалните патишта кои водат до нив.

Километри патишта не постојат“, рече тој, објаснувајќи дека тоа го отежнува работењето на тешката механизација која е неопходна за работата на расчистување на урнатините.

Би можело да ве интересира

Уапсен министерот за безбедност на Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Драматично во Босна, градови и села со денови се отсечени поради снегот

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија