Промена на локацијата на протестот во Белград: Славија наместо пред Парлементот

Од:

Студентите во блокада од ЕТФ и Архитектонскиот факултет најавија дека ќе се смени локацијата на централниот собир во 16 часот, дека тоа нема да биде платото пред српското Собрание, туку плоштадот Славија.

„Со оглед на последните случувања и соочени со се позагреаната ситуација во општеството, студентите во блокадата решија местото на нашиот протест да го сменат од платото пред Собранието во Славија. Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот „Пионир“.

„Ги покануваме сите да ни се придружат на плоштадот Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски