Продолжуваат судирите меѓу турската армија и ПКК

Од:

Четиринаесет турски војници вчера се повредени при напад на курдските бунтовници врз жандармериска станица во реонот на Башкале, округот Ван, соопшти денеска Генералштабот на турската армија.

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) отвориле оган врз жандармериската станица и активирале автомобил-бомба. Турските безбедносни сили возвратиле на нападот при што 14 војници се повредени, но се надвор од животна опасност. Во судирот убиени се тројца курдски бунтовници.

Генералштабот на турската армија во друго соопштение наведува дека денеска загинале 10 курдски бунтовници откако се обиделе да упаднат во граничната караула во Актјутјун во реонот на Шемдинли.

Бунтовниците се обиделе во исто време од три различни места да упадната во караулата, но армијата ги спречила.

Продолжува и вчера започнатата воена операција против ПКК во округот Карс, североисточна Турција. Првиот ден од операцијата убиени се тројца членови на ПКК, а тројца се заробени.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска