Продолжува спасувачката операција на фериботот „Норман Атлантик“

Од:

Италијанскиот министер за одбрана Роберта Пиноти изјави дека независно од сериозното влошување на времето, спасувачката операција за патниците на фериботот „Норман Атлантик“ во Јадранското Море ќе продолжи и во текот на ноќта, јави ТАСС.

Пожар избувна денеска на палубата за автомобили на ферибот, што пловел од грчкото пристаниште Патра кон италиајнското Анкона. Со фериботот патувале 422 патници и 56 членови на екипаж.

Ферибот Грција Италија 2

Грчките и италијанските спасувачки бродови се обидуваат да стигнат до оштетениот ферибот, кој се движи кон албанскиот брег поради ветрови што достигнуваат до 90 километри на час.

Министерството за одбрана на Албанија и Генералштабот, исто така, се вклучија во акцијата.

Италијанските власти и официјално потврдија дека едно лице загинало на фериботот „Норман Атлантик“, а две се повредени. Италијанскиот премиер Матео Ренци поради инцидентот го прекина одморот и се врати во Рим.

Досега спасувачките екипи имаат евакуирано 156 патници.

Претходно албанските медиуми објавија дека меѓу вкупно 478 патници на грчкиот ферибот „Норман Атлантик“ се наоѓаат и тројца македонски, 25 албански, 54 турски, 22 италијански, 34 грчки, 18 германски и по еден или повеќе државнјани на други земји, додека 234 се грчки државјани.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага