Продолжува потрагата по телото на Данкa: Се пребарува подрачјето на селото Злот, барите и Лазарев Кањон

Од:

Полицијата денеска ја продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор, а го пребарува и поширокото подрачје на селото Злот, барите, како и непристапниот терен во Лазарев Кањон.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор од вторникот вршат увид во околината на куќата на Д.Д. осомничен за убиството на Данка, која исчезна на 26 март на семејниот имот во Бањско Поле.

По 10-дневна потрага, полицијата уапсила двајца 50-годишни мажи од Бор, осомничени за убиство, а обвинителството соопшти дека Д.Д. го признал делото, додека Ј.С. бранеше со молчење.

Братот на осомничениот за убиството на Д.Д. починал во Полициското одделение во Бор.

Приведени се и членови на семејството на еден од осомничените поради сомнение дека помогнале да се пренесе телото на засега непозната локација.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено

Анита Петровска Рајковиќ

Истражителите од случајот „Данка“ ги чекаат резултатите од вештачењето на ДНК материјалот

Горан Наумовски

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско вештачење

Правна игра на таткото на убиецот на малата Данка, сега бара нов адвокат

Родителите на Данка плачеа додека дава исказ во Обвинителството

Родителите на убиената Данка: Се е лага, монструмите се уапсени, но се уште не ја знаеме вистината