Продолжува дијалогот Дачиќ-Тачи во Брисел

Од:

Состанокот на премиерот на Србија Ивица Дачиќ со косовскиот премиер Хашим Тачи, со посредство на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон, посветен на прашањата на институциите на северот на Косово и офицерите за врска, ќе биде продолжен денеска во Брисел.

Петтата рунда на трилатералните разговори ќе биде продолжена, како што јави Танјуг, уште утрово. Причина за тоа што дијалогот ќе биде продолжен и денеска се важните теми, но и намерата напредокот во дијалогот да биде забележан во априлскиот извештај на Европската комисија.

Маја Коцијанчич, портпаролка на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, потврди по вчерашните одвоени средби на Дачиќ и Тачи со претставници на ЕУ дека овој пат за разговорите е одвоено повеќе време, бидејќи ЕК очекува натамошен напредок во дијалогот и повтори дека северот на Косово е меѓу клучните теми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац