Продолжени рестриктивните мерки на Закинтос и во Ханија на Крит

Од:

Полицискиот час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден воведени минатата седмица на грчкиот остров Закинотс и во градот Ханија на Крит, продолжени се до 18 август.

Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, Закинтос и Ханија од петокот се во црвената зона, кога беа воведени рестриктивните мерки до 13 август, а денеска се продолжени до среда наутро.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција потсетуваат дека забрането е и организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, а во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.

Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 3.605 нови случаи, починаа 20 лица, а 240 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски