Продолжен притворот за двајцата Срби осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ

Од:

Приштинскиот суд им го продолжи денеска за два месеца притворот на припадниците на косовската полиција Недељко Спасојевиќ и Марко Рошиќ, осомничени за вмешаност во убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда, Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Адвокатот на Спасојевиќ и Рошиќ, Негован Шарановиќ информира дека од вчера неговите клиенти стапиле во штрајк со глад, затоа судот го одби нивното барање за преместување од притворот во Подујево во оној во Митровица.

Спасојевиќ и Рошиќ беа уапсени во голема акција на косовските специјални единици РОСУ, на 23 ноември минатата година. Во акцијата, како што беше објавено, било пронајдено илегално оружје и „други материи кои претставуваат кривично дело и за кои се постапува според службена должност“.

Според обвинителството, Спасојевиќ и Рошиќ се сомничат како припадници на криминална група кои извршиле кривично дело „помагање во тешко убиство“.

Оливер Ивановиќ, кој беше еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари минатата година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне