Продадена резиденцијата и амбасадата на некогашна СФРЈ во Токио

Од:

Во рамки на сукцесијата, после станот на Тито на Менхетн, продадени се и амбасадата и резиденцијата на некогашна СФРЈ во Токио за 14,7 милиони евра.

Согласно Договорот за прашањата на сукцесија, Северна Македонија би требало да добие 8 отсто од таа сума или речиси 1,2 милиони евра, кое на сметка би требало „да легнат“ до почетокот на мај. Договорот за купопродажба бил склучен на 31 јануари, јави денеска весникот „Вечерње новости“.

Недвижноста во Токио има 1.726 квадратни метри и се простира на 938 квадрати земјиште.

„Новости“ наведува дека продолжуваат активностите за продажба на трите преостанати објекти – зградата во која во моментов е сместена српската мисија на ОН во Њујорк и амбасадите во Берн и Бон. За сите три објекти веќе постојат конкретни понуди.

Би можело да ве интересира

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

A1on

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија

Македонија и Србија ќе делат стан во Трст, наследството од поранешната Југославија

На возраст од 101 година почина поранешниот функционер на СФРЈ Бранко Мамула

Ана Ололовска