Приштина реагира на ставот на Зеленски за Косово: „Нашата државност мора да се почитува“

Од:

Приштина упати порака до украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговата изјава во Белград дека Украина ја почитува територијалната целост на Србија и дека нејзиниот став кон Косово останува непроменет.

Зеленски, за време на посетата на Србија, истакна дека Киев се придржува до принципите на меѓународното право и го почитува територијалниот интегритет на своите партнери. Тој истовремено ѝ се заблагодари на Србија за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

Реакција пристигна од Приштина, од каде што беше нагласено дека Косово ја разбира борбата на народите кои се соочуваат со војна и агресија, но дека истовремено очекува почитување на сопствената државност и жртвите од минатото.

Косовските институции порачаа дека солидарноста со Украина останува непроменета, но дека дипломатските односи не треба да се градат преку негирање на искуствата и страдањата на косовското население.

Градоначалникот на Приштина, Пепарим Рама, во меѓувреме објави дека од градот биле отстранети украинските знамиња и симболите со кои Приштина ја изразуваше поддршката за Украина по почетокот на руската инвазија во 2022 година.

„Кога Косово не се почитува, главниот град Приштина секогаш одговара исто“, напиша Рама на социјалните мрежи.

Украина не ја признава независноста на Косово, додека Приштина по руската инвазија врз Украина во повеќе наврати изрази политичка поддршка за Киев. И покрај тоа, Украина продолжува да води внимателна политика кон прашањето за Косово, имајќи ги предвид и односите со Србија.

Би можело да ве интересира

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски