Приштина: Остануваат таксите од 100 проценти

Од:

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај не прифаќа укинување на дополнителните такси од 100 отсто, кои Приштина ги воведе за увозот на стоки од Србија и БиХ, што беше потврдено на состанокот на лидерите на владејачката коалиција.

Како што пренесува приштинскиот портал „Лајми.нет“, на состанокот не се зборувало конкретно за таксите, но лидерите на коалицијата ветиле дека ќе ги интензивираат чекорите и ќе ги координираат одлуките со стратешките партнери на САД и ЕУ.

На состанокот, исто така, се дискутирало за платформа за дијалог со Белград, која наскоро треба да биде усвоена од косовскиот Парламент.

– Платформата за дијалог ќе ја одрази единствената позиција на институциите за постигнување на правно обврзувачки сеопфатен договор, кој би требало да резултира со взаемно признавање и членство на Косово во ОН, се вели во соопштението на косовската Влада.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски