Приштина бара НАТО да го пренесе уапсениот полицаец Дејан Пантиќ бидејќи нема хеликоптери

Од:

Косовските власти побараа НАТО да го транспортира поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред две недели во Јариње.

Министерот Џељаљ Свечља вчера изјави дека не можат да го префрлат Пантиќ во притворското одделение, бидејќи локалните Срби подигнале барикади за да го спречат неговото префрлање, потсетува Ројтерс.

– Пантиќ треба да биде во притвор, а не во полициска станица и за тоа побаравме од нашите меѓународни партнери да го префрлат во соодветна установа – рече Свечља.

Според Ројтерс, мисијата на НАТО на Косово – КФОР, е единствената сила која располага со хеликоптери. Приштина не ги поседува.

– КФОР во последните неколку дена веќе превезе девет полицајци, кои не можеа да ја напуштат областа бидејќи патиштата беа блокирани – пишува Ројтерс.

Репортерот додава дека косовските институции вчера предупредија дека барикадите ќе бидат отстранети доколку КФОР не го стори тоа.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он