Припадниците на Работничката курдска партија (ПКК) денеска во југоисточна Турција убија тројца војници, соопштија турските вооружени сили.
Маскираните напаѓачи ги убиле војниците, кои не биле во униформи, додека купувале електрична опрема за воениот пункт на кој работеле, во покраината Харкари, во близина на границата со Ирак и Иран.
Напаѓачите успеале да побегнат, но по нив се трага.
Војниците се убиени со истрел во тилот, а засега никој не ја презеде одговорноста, но турската војска соопшти дека е дело на членовите на ПКК.