Претставници на ЕУ и Турција за миграциската политика

Од:

Претставници на Турција и Европската унија ги разгледуваа прашањата на миграциската политика во врска со Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, пренесува ТАСС.

– Разговаравме за ситуацијата во Сирија и проблемот со миграцијата. Актуелната ситуација ни покажува колку е важно заедно да работиме на решение на тие проблеми, рече Чавушоглу. Тој оцени дека миграцијата која не се регулира соодветно се одразува на социјалната, економската и други сфери од животот, поради што може да се реши единствено со заеднички напори.

Чавушоглу дополни дека за темата за сириските бегалци и перспективата на изработување заедничка политика на Турција и ЕУ во однос на миграциските бранови од Сирија ќе се расправа и денеска, при понатамошните контакти на министерско ниво.

Шефот на турската дипломатија потсети дека Брисел и Анкара неодамна постигнаа договор за укинување на визите за турските граѓани при влезот во Шенген зоната, што треба да влезе во сила во втората половина од годината. – Безвизните патувања, за кои се одоговоривме, се важен чекор.Тоа ќе го забрза развојот на нашата соработка во сферата на бизнисот, туризмот и други области, оценува Чавушоглу, пренесува БТА.

– ЕУ и Турција сметаат дека до крајот на месецот ќе почнат мировните преговори во Сирија, изјави во Анкара високиот претставник на ЕУ за недворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. Таа уште рече дека е исклучително важно напоредно со почетокот на политичкиот процес да се подобри и хуманитарната ситуација во Сирија.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто