Претседателот на хрватскиот Сабор Јандроковиќ заразен со коронавирус

Од:

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во самоизолација, е позитивен на новиот коронавирус.

Саборот соопшти дека Јандроковиќ има лесни симптоми, добро се чувствува и е во својот дом.

Јандроковиќ е во самоизолација од средата откако кај вработен во неговиот кабинет беше потврдена болеста.

Во меѓувреме, потпретседателот на Саборот, Жељко Рајнер соопшти дека тој добил негативен тест.

– Мојот тест е негативен. Вечерва ги добив резултатите. И понатаму сум во самоизолација до 12 октомври. За жал тоа не се менува, но добро е да се знае дека тестот е негативен, посочи Рајнер. м

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин