„Пресе“: Виена преговара за сместување на илегални мигранти на Балканот

Од:

Австриската Влада преговара со земјите од Западен Балкан за отворање центри за протерување на илегални мигранти, пишува виенскиот весник „Пресе“.

Весникот тврди дека Виена „веќе преговара“ со Скопје, Белград, Тирана и Приштина за отворање „кампови за протерување на лицата кои во Австрија добиле негативен одговор на барањата за добивање азил, а кои пристигнале преку балканската рута“.

Тие лица, според „Пресе“, треба да бидат времено сместени во некоја „помалку атрактивна земја“ за мигрантите.

Весникот наведува дека земјите од Западен Балкан за возврат бараат пари, а Виена моментно ги разгледува и правните можности.

Во протерувањето треба да помогне и Фронтекс, но за тоа мора да биде променет мандатот на оваа агенција на ЕУ.

Засега не е познато колкава ќе биде големината на планираните кампови за протерување на Балканот, пишува „Пресе“, додавајќи дека тој проект е поддржан од Данска и Холандија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ