Премиерите на Грција, Бугарија и Романија на средба со Александар Вучиќ во Белград

Од:

Во рамките на Високиот совет за соработка меѓу Србија, Грција, Бугарија и Романија, утре во Белград ќе се одржи состанок на српскиот претседателот Александар Вучиќ со премиертите на трите земји – Алексис Ципрас, Бојко Борисов и Михај Тудосе.

Се очекува на состанокот четирите лидери да разговараат за заедничките проекти, економската соработка и европската перспектива на Србија, имајќи го предвид престојното претседавање на Бугарија со ЕУ.

Српските медиуми пишуваат дека станува збор за клучен состанок за иднината на регионот, на кој најмногу внимание ќе се посвети на енергетската безбедност, унапредување на соработката за сообраќајното, инфраструктурното и енергетското поврзување, како клучни чинители за привлекување на инвестиции и за забрзан економски развој на регионот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ