Премиерите на Албанија и Црна Гора се во посета на Украина на покана на украинскиот претседател

Од:

Премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска се во посета на Киев на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави црногорската новинска агенција Мина.

Абазовиќ синоќа заедно со Рама замина за Киев.

„За Киев, по покана на претседателот Зеленски“, напиша Рама на својата Фејсбук страница пред летот со Абазовиќ.

Абазовиќ пред неколку дена ја прифати поканата на Зеленски и рече дека ќе се заложи за идејата за заедничка посета на Киев на премиерите од Западен Балкан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина е подготвена да премине на прекин на огнот што е можно поскоро

Зеленски: САД ќе работат на обезбедување воздушна одбрана на Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Средбата со Трамп на погребот на папата Франциск беше најдобрата досега

Медведев: Ако има провокација на Денот на победата, нема гаранција дека Киев ќе го доживее 10 мај

Зеленски го отфрли предлогот на Путин за прекин на огнот на 9 мај

Седум клучни точки од договорот меѓу Украина и САД