Прекинат штрајкот во рудникот „Ѓурѓевиќ“ во БиХ

Од:

Откако 160-те рудари од јагленокопот „Ѓурѓевиќ“ денеска околу 11 часот го напуштија окното, во кое беа забарикадирани од понеделникот на 250 метри под земја, директорот на рудникот и претставници на синдикатите потпиша договор за извршување на барањата на рударите.

Рударите го започнаа штрајкот барајќи оставка на раководството и исполнување на договорот постигнат меѓу Владата и рударите, за воведување нови правила за заштита при работа и за зголемување на платите.

Откако надлежните служби ќе извршат безбедносни проверки рудникот треба да почне да работи со полн капацитет утре во седум часот.

Рудникот за јаглен „Ѓурѓевиќ“ е дел од државната електроенергетска компанија „Електростопанство“. Во рудникот работат повеќе од илјада лица, кои произведуваат околу 600.000 тони јаглен годишно за потребите на термоелектраната „Тузла“.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина