Предлог на словенечката Лекарска комора: На боледување до три дена без посета на лекар

Од:

За да се одобри кратко отсуство од работа поради здравствени причини, на вработените во Словенија не им требаше лекар во најтешките фази на пандемијата и оптоварувањето на здравствениот систем, а лекарите предлагаат повторно да се воведе tаа мерка.

Лекарската комора на Словенија во предлогот до Владата наведува дека можноста за оправдано отсуство од работа до три дена без посета на матичен лекар трајно ќе го растерети медицинскиот персонал и дека пишувањето лекарски уверенија за вакви болести е „бирократски товар“ и непотребно.

Како аргумент за таквиот став лекарите наведуваат дека според нивното искуство релативно малку вработени користат краткотрајно боледување и дека најчесто се работи за благ здравствен проблем кој исчезнува за неколку дена, па затоа не е потребна посета на пациентот во амбулантѕа.

Во случај владата да го прифати предлогот, тие треба – како што велат – пред неговото спроведување во пракса, работодавачите и вработените, односно пациентите, да бидат добро информирани за се.

Лекарите предлагаат и дел од административните работи во амбулантите со кои сега се оптоварени лекарите да им се префрлат на медицинските сестри, а да се регулира долгото боледување во заводите за здравствено осигурување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија