Седницата на српскиот Парламент, закажана за 10 часот, на чиј дневен ред е Предлог-буџетот за 2026 година, не започна поради инцидент пред Парламентот. Пратениците од опозицијата ја пробија оградата на булеварот Крал Александар што ја дели таа улица од кампот пред Парламентот.
Ćacilend upravo pic.twitter.com/XyAbgYkNsn
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) November 26, 2025
Пратениците од опозицијата со моторна пила ја пресекоа жицата што ги поврзува оградите пред зградата на Народното собрание. Меѓу нив беа Здравко Понос, Петар Бошковиќ, Стефан Јањиќ, Мариника Тепиќ, Александар Јовановиќ Чута, Роберт Козма, Душан Никезиќ, а потоа се упатија кон влезот во зградата на Народното собрание, каде што се случија тепачки и вербални препирки со група граѓани.
Пратениците од опозицијата и групата граѓани беа разделени од полицијата.
