Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Од доставените околу 200 амандмани, дел се разгледани на четирите расправи што се одржаа по завршувањето на општиот претрес.

– Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација, изјави минатата недела министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, преку мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна, како што е предвидено со Буџетот за 2026 година, и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.

Како што појасни, во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и оти ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит. Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60 проценти од БДП порано од 2028 година, како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски