Пратениците на Нова демократија напуштија собраниска седница навредени од спикерот

Од:

Коментари на претседателот на грчкиот Парламент Зое Константопулу ги натераа пратениците на опозициската Нова демократија утрово да ја напуштат собраниската сала за време на бурната дискусија за преговорите за долгот на Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчките медиуми коментираат дека со ова се зголемува можноста за поднесување барање за нејзиното отстранување од функцијата шеф на Собранието.

Лидерот на Нова демократија и поранешен премиер Андонис Самарас, го предводеше заминувањето на пратениците од неговата партија, откако Константопулу неколку пати го критикуваше поради коментарите против Владата предводена од Сириза, чиј лидер Алексис Ципрас ја свика седницата за да информира за текот на преговорите меѓу Атина и Брисел.

– Ние нема да толерираме цензура против оваа партија, истакна луто Самарас пред да ја напушти седницата.

– Претседателот на Парламентот буквално ја торпедираше дебатата, додека премиерот стоеше тивко од страна. Нова демократија никогаш повеќе нема да толерира такво однесување координирано од страна на оние кои не бараат помош, туку поделба, изјави подоцна Самарас, обвинувајќи ја Константопулу дека ги прекршува парламентарните прописи.

Однесувањето на претседателот на Парламентот предизвика реакција и кај лидерот на Потами Ставрос Теодоракис кој рече дека таа ги оценува пратениците што говорат.

– Како може да побара консензус од опозицијата, кога ја напаѓа и обезвреднува?, рече шефот на ПАСОК, Евангелос Венизелос во своето обраќање во Парламентот.

Самарас не прецизира дали неговата партија ќе поднесе предлог за интерпелација на Константопулу, иако пратеникот на Нова демократија Герасимос Јакуматос утрово за телевизијата Антена рече дека тоа може да се случи по Велигден.

– Ме иритира нејзиното недемократско однесување, и според начинот на кој се однесува, таа оди кон разрешување, рече Јакуматос.

Би можело да ве интересира

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

Турист од САД е пронајден мртов на остров во близина на Крф, во Грција исчезнаа уште тројца туристи

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Исчезна Американец на грчки остров, по туристот е организирана голема потрага