Повеќе од 170 бегалци од Грција ќе се спојат со семејствата во Германија

Од:

Со специјален чартер лет од Атина, 177 бегалци, рано утрово заминаа за Минхен, за спојување со нивните семејства кои што се наоѓаат во Германија.

Од Министерството за миграциска политика на Грција, соопштуваат дека лицата во најголем дел се од Сирија, Авганистан и Ирак и се првите кои се обединуваат со нивните семејства, а во следниот период ќе следат и други вакви специјални летови.

Целиот процес е во рамките на административната спогодба меѓу Грција и Германија за поврзување со семејствата за бегалците што се наоѓаат во Грција, а обединувањето е веќе одобрено од Германија.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент