Вкупно 102 бунтовника од Курдската работничка партија (ПКК) биле убиени во воена операција што се води веќе пет дена во југоисточниот дел од Турција.
Тоа го нагласи денеска извор од службите за безбедност, јавуваат западни медиуми.
Најмалку двајца војници и пет цивили ги загубиле животите во судирите, додава изворот.