Потпис на договорот до понеделник

Од:

Делегацијата на Србија денес во Брисел нема да го потпише договорот со Приштина, изјавија за „Б92“ извори блиски на преговарачкиот тим.

Документот ќе биде потпишан во понеделник доколку се исполнат условите кои ги постави Белград.

Делегацијата се упати во Брисел бидејќи доби гаранција од ЕУ, дека спорната точка 14 ќе биде модифицирана.

Според изворите, белградскиот преговарачки тим нема да го потпише договорот, се додека на Србите на север на Косово не им биде дозволено да имаат регионален командир на полицијата, што се однесува на точка 9 од предлогот за договор и доколку Приштина инсистира да седне на столчето во ОН, точка 14.

По враќање на државната делегација од Брисел, за договорот мора да се изјасни Владата на Србија, која најверојатно ќе има седница во понеделник, а потоа и Собранието, пренесе Б92.

Пред тоа во недела ќе биде одржан и Главен собир на СНП, на кој треба да се изјасни за прашањето.

Договорот кој се очекува да биде ставен на маса во Брисел, видно е подобар во однос на претходниот предлог и подразбира, заедница на српски општини со сериозни овластувања, претседател на заедницата на општините, собрание, потпретседател, совет, сериозна организација како и финансирање поврзано со Србија во областа на здравството, образовниот процес и просторното планирање.

На север ќе има регионален командир на полицијата, како и четири локални командири, сите ќе бидат Срби, но и во составот на полицијата во тој дел на Косово 98 проценти ќе бидат Срби, додека на југ пропорционално со бројот на населението, составот на полицијата ќе биде српски, изјавија извори блиски до преговарачкиот тим во Белград.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во српскиот парламент: Шок бомби, солзавец и тепачки

Катерина Ѓуровски

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград