После оставката Вук Јеремиќ, кој поднесе оставка од функцијата претседател на Народната партија, денеска оставки поднесоа и сите членови на Претседателството.
– Имајќи ги предвид изборните резултати, ова е единствениот одговорен чекор кој го зачувува достоинството на партијата и е предуслов таа повторно да се издигне, останувајќи верна на својата првобитна политика и принципи“, се наведува во соопштението на НС.
Претседателството на Народната партија побара од актуелниот претседател, генерален секретар и Извршен комитет привремено да продолжат да ги извршуваат своите должности, до Изборното собрание на Народната партија, каде ќе се избере нов лидер и ново раководство.