Пороен дожд го поплави граничниот премин „Капетан Андреево“-Капикуле, на бугарско-турската граница

Од:

Поплавен е најголемиот граничен премин на бугарско-турската граница- „Капетан Андреево“ – Капакуле, јави дописникот на МИА од Софија, додавајќи дека причина за тоа е обилниот дожд, што доцна синоќа го зафати овој регион и беше пропратен со ветер и грмежи. Граничниот премин наликува на езеро со длабочина од речиси 30 сантиметри

Поради обилните врнежи во регионот на турскиот град Едрене, поплава има на граничниот премин Капакуле, што доведе до прекин на работата на преминот кон Бугарија.

Рано утрината е обновено движењето на автомобилите и камионите кои патуваат од и кон Бугарија и Турција. Се уште е потешко минувањето на патничките возила низ излезната точка од Турција, соопшти Генералниот конзулат на Република Бугарија во Едрене.

Заглавените возила во поплавата во текот на ночта беа извлекувани од влечните служби.

Министрите за одбрана и за внатрешни работи на Бугарија Димитар Стојанов и Иван Дерменџиев вчера го посетија подрачјето на градот Карлово во централниот дел на Бугарија, каде исто така во петокот имаше силен дожд, а беше наредено два воени хеликоптери „Кугар“ да евакуираат луше од блиските села, а на други да им достават храна.

Поплава имаше во двата големи града на реката Дунав во североисточниот дел на Бугарија – Русе и Добрич. Во Добрич луѓето се евакуирани од своите домови поради силниот дожд. Поплавени се дворови од куќи, улици и булевари, а има и заглавени автомобили. Во Русе се врши чистење на улиците од водата, по обилните врнежи од дожд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада