Поразени млади. Поразено стопанство. Поразено општество.

Од:

Ослобоѓење – Сараево

Светскиот економски форум во БиХ, според капацитетот на задржување на талентот се најде на 134. место, а според капацитетот да привлече талент е на 135. место од вкупно 138 земји.

Често на некои босанскохерцеговски статистики им се доделува епитетот поразителни. Тогаш терминот како таков го пренесуваат медиумите, го изговараат економските и политичките аналитичари и го повторува секој кој ќе се најде во можност јавно да зборува за некој проблем.

Поразителни статистики за невработеноста на населението. Поразителни статистики за невработеноста на младите. Поразителни статистики за деловното опкружување. Поразителни статистики за заминувањето на младите од Босна и Херцеговина.

Зошто на овие статистики се додава збор со толку негативна конотација и тежина?! Поради тоа што го одразува континуитетот на назадување во текот на одреден временски период. Поради тоа што и нашата земја ја поставуваат во неповолна положба во однос на земјите од регионот, Европа или светот.

Најдобар пример е стапката на невработеноста на младите од 15 до 24 години старост, која континуирано растеше од 2008 до 2015 година, односно од 47,5 отсто до 62,3 отсто. Навистина, се случи благ развој во 2016 година, па според прелиминарните податоци од анкетите за работната сила објавени во јули изнесува 54,3 отсто. Се уште е многу висока. Дури три пати повисока од просечната стапка на невработеност на младите во земјите на Европската унија.

Втор пример се статистиките за емиграцијата на младите и тоа високо образувани млади. Податоците од Светската банка покажуваат дека стапката на емигрирање на младите со факултетски дипломи од БиХ е 23,9 отсто, при што 11,1 отсто од медицинска струка, што е една од водечките стапки во светот. 

Во спроведеното истражување на Институтот за развој на младите КУЛТ во 2013 година, 60 отсто млади во Федерацијата БиХ се изјасниле дека сакаат да си заминат од БиХ за да најдат работа надвор во по перспективни и економски побогати земји, а како причина за заминување ја наведуваат корупцијата, невработеноста, лошиот животен стандард и бесперспективноста.

Поразителни се статистиките и за деловното опкружување во БиХ. Овогодишниот извештај на Светската банка за условите за бизниси вели дека БиХ е на 81. место од 190 земји во светот. Дури бележиме и назадување од две места на скалата во однос на минатата година.

Извештајот на Светскиот економски форум, според конкурентноста на економијата, БиХ ја рангираше дури на 107. место од 138 земји во светот, далеку од Швајцарија, Сингапур и САД, кои ги зазедоа првите три места на листата, но и од соседните земји како Хрватска на 74 место, Албанија на 80 и Србија на 90 место.

Не е чудо што статистиките за младите и статистиките за стопанството се всушност координирани. Едното не оди без другото. Младите си одат од БиХ бидејќи се невработени, а невработени се бидејќи стопанството не создава нови работни места. Не создава бидејќи стопанството не расте и не се развива. Зошто?! Поради тоа што е оптоварено и бидејќи го гушат многу работи. Го гушат силни парафискални даноци, превисоки даноци и придонеси на плати, задоцнети буџетски субвенции и поттик. Го гуши рокот за плаќање на ДДВ. Десети во месецот. Задилжителни 17 отсто во државата, па и кога стопанственикот се уште од купецот не ја наплатил својата продадена стока и услуги.

Поразени млади, поразено стопанство, поразено општество. Дали власта е поразена?! Во своите напори да ги реши овие проблеми?! Дали го прифаќа поразот?! Дали „крена раце”?! Времето ќе покаже. Односно, статистиките ќе покажат.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он