Поранешниот министер за полиција Скендер Хисени е нов косовски координатор за дијалогот со Србија

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти, по денешниот состанок на Форумот на политички партии, го именува неговиот советник, поранешниот министер за внатрешни работи на Косово, Скендер Хисени, за државен координатор за дијалогот со Србија.

Во соопштението на владината служба за информирање се наведува дека, по состанокот на Форумот, на кој што доби поддршка за водењето на дијалогот со Белград, Хоти го именува Исени врз основа на претходно усвоената платформа на неговата влада за преговорите меѓу Косово и Србија, јавува МИА.

– Врз основа на Платформата на Владата на Република Косово за дијалогот со Србија, според одлуката (…) од 1 јули 2020 година, со цел организирање и институционално и меѓународно услогласување на овој процес, премиерот Хоти денеска го именува г. Скендер Хисени за државен координатор за дијалог, се вели во владиното соопштение.

По денешното именување, се очекува задутре, на 23 јули, Хисени да отпатува за Брисел, на продолжување на дијалогот со Србија на експертско ниво.

Според најавите од Приштина и Белград, по средбата на Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ, што се одржа во Брисел минатиот четврток, на 16 јули, дијалогот на експертско ниво во европската престолнина треба да продолжи во врска со исчезнатите и раселените лица од војната во Косово во 1998-99 година.

На денешниот состанок на Форумот на политички партии учествуваа претставници на партиите од владејачката коалиција – Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата за иднината на Косово, Социјалдемократската иницијатива и Алијансата ново Косово, додека поканата за учество на состанокот ја одбија двете најголеми опозициски партии, Движењето самоопределување и Демократската партија на Косово.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот