Поранешниот министер за земјоделство Матеј Лаховник тврди дека Словенија нема да успее да ги продаде своите банки, се додека во нив им „токсичен“ имот.
-Како што селанецот не може да ги продаде јаболките кои што се расипани, така и ние не можеме да ги продадеме банките се додека не се исчисти – изјави Лаховник.
Според него проблем е и презадолженоста на словенечките компании, кои се трети по задолжени во Европската унија.
-Парите мора да ги добиеме од странскиот пазар, бидејќи дома немаме. Проблем е и тоа што Словенија не е повеќе дестинација за странски инвестиции. На некој начин ние самите ги протеравме – истакна тој.
Елена Георгиевска