Поранешен аналитичар на ЦИА: Србите се незадоволни од себе и од другите

Од:

Професорот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Дејвид Кенин изјави дека Србите не само што незадоволни од другите, туку и од себе, што може да влијае и врз целиот регион.

Овој поранешен аналитичар на ЦИА, во интервјуто за „Политика“, на прашањето што е главен проблем јужно од Сава, одговара дека Србите се мнозинство во таа заедница и во тоа подрајче се додека тие се незадоволни, ништо не е решено.

Не е прашање само дека србите се незадоволни со другите, туку тие се незадоволни и со себе. По цели векови политички, друштвени и економски промени се уште не успеаа да бидат среќни, со она што го постигнаа – смета Кенин.

Зборувајќи за демократијата во Србија, тој вели дека во очи му упаднало тоа што по минатогодишните избори, партиите кои сакаа да формираат влада не приговарале за политичките и програмските принципи, туку за тоа која партија ќе добие државна компанија.

Тоа значи дека демократијата во Србија не е само прашање на системот, туку и што и кој контролира. Денес во Србија имате ситуација министер Александар Вучиќ да се занимава со корупција, додека премиерот Ивица Дачиќ мора да ги објаснува своите лични контакти. Се води дури и дебата за тоа што е дозволено, а што не е во односите на политичарите со бизнисмените. Она што го турка Вучиќ корупцијата да биде во централно внимание, не е по себе лошо работа, иако ќе ги искомплицира односите помеѓу политичарите – изјави Кенин за „Политика“.

Поранешниот аналитичар на ЦИА оцени дека во Србија не постојат правила за односите на политичките и економските лидери.

Суштинското прашање е дали српските политичари ќе си пруштат можност да загубат некоја “битка“, тоа сите да го видат и тие да признаат, а при тоа да ја задржат самодовербата дека во следната дебата ќе бидат победници. Се додека не се случи мерката на доверба во системот, се останато ќе биде неизвесно – порача Кенин.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија