Поради истекување на амонијак 20 лица завршија во болница, меѓу нив и деца: Евакуирани жители од десет куќи во Србија

Од:

Околу 20 лица завршија во болница поради излевање на амонијак од камион цистерна на паркингот на компанијата Сага во Панчево вечерта од четврток кон петок, а меѓу жртвите има и деца.

Од Н1 известуваат дека на сите граѓани кои имале симптоми на труење поради вдишување гас им било дозволено да си одат дома по укажаната лекарска помош.

– Две лица беа на кислород, но им беше дозволено и да си одат дома. Ниту еден од пациентите не покажа знаци на акутно труење со амонијак, но имаше поблаги поплаки. Сега се чувствуваат добро и сите се пратени дома – изјави за Данас.рс директорот на Општата болница Панчево, Слободан Овука.

Камионот-цистерна бил паркиран до индустриска пруга која не е јавна железница, а по излевањето на амонијак жителите биле евакуирани од десетина куќи.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија