Поплавите во БиХ ги разместија мините низ целата земја

Од:

Околу 140 мини, 1.700 екплозивни средства и 40 илјади паричиња муниција се пронајдени по катастрофалните поплави, што ја погодија Босна и Херцеговина во мај минатата година, пишува весникот „Независне новине“.

Водата преместила непознат број експлозивни средства во 33 населни места на територија од 106 метри квадратни, покажуваат податоцвите на Центарот за отстранување на мините во БиХ.

Водената стихија носела цели мински полиња и експертите стравуваат дека мините се разнесени покрај бреговите на реките, на земјоделски површини и во речните корита.

Во Сараево вчера се одржа семинар, на кој беа претставени резултатите од откривањето на минските полиња и местата, за кои постои сомнеж дека има мини и кои беа погодени од поплавите и лизгањето на земјиштето.

Снимките направени од воздух ќе помогнат да се одреди каде и колку мински полиња се преместени.

Поради новите врнежи во БиХ, се очекува активирање на свлечишта, кои се појавија по минатогодишните поплави во мај, како и појава на нови во целата земја.

– Можно е да се активираат три илјади регистрирани свлечишта, предупреди Хамзи Хартовиќ, директор на Федералниот институт за геологија.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина