Поплави во Словенија

Од:

Неколку стотици куќи беа поплавени во текот на минатата ноќ во централните и источните региони на Словенија, по поројните дождови што од вчера зафатија поголем дел од земјата.

Најголем број куќи се поплавени во реонот на Церкница и во местото Иг во близина на Љубљана.

Словенечките медиуми јавија дека е регистирано и значително зголемување на нивото на водата во реката Драва и дека постои опасност за нејзино излевање од коритото на потегот од Марибор, па се до границата со Хрватска.

Претпладнево протокот на Драва на влезот од Австрија во Словенија изнесувал 1.700 метри кубни во секунда, но се очекува во текот на денот тој да порасне на 2.000 метри кубни, што е двојно повеќе во однос на вчера.

Според словенечката агенција за животна средина АРСО, продолжува да расте и водостојот на реката Сава во долниот тек близу границата со Хрватска.

Поради опасноста од нови полави околку 60.000 припадници на словенечката Цивилна заштита се ставени во состојба на зголемена готовност.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите