Поплави во БиХ

Од:

Неколку реки во Босна и Херцеговина, воглавно на подрачјето на Република Српска, по повеќедневните поројни дождови се излеаја денеска од своите корита и поплавија куќи и улици во одредени населени места, како и некои локални и регонални патишта.

Според последните податоци на хидролошките станици, критичното ниво на водата е надминато во реките Уна, Сана, Врбас и Босна.

Во Приједор е прогласен прв степен на готовност за заштита од поплави, откако Сана се излеа и поплави околу стотина станбени објекти и земјоделски површини, а патната комуникација е во прекин.

Водостојот на Сана изнесува 445 сантиметри или 25 сантиметри над критичната точка, а се очекува и натамошен раст на водостојот со оглед на врнежите на сливното подрачје на оваа река.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина