Понта: Владите на Романија, Бугарија и Србија ќе делуваат „совршено координирано и солидарно“ во однос на бегалците

Од:

Владите на Романија, Бугарија и Србија ќе дејствуваат „совршено координирано и солидарно“ во сите акции и политики за бегалците, посочи денеска романскиот премиер Виктор Понта на својот профил на Фејсбук, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Понта денеска во Софија учествуваше на тристраната средба на која премиерите на Бугарија, Романија и Србија ја разгледаа миграциската криза во Европа и нејзиниот одраз врз балканските земји.

Романскиот премиер забележа дека на средбата била анализирана и ситуацијата со поврзувањето на инфраструктурата на трите земји – патиштата, железничката мрежа и мрежите за електричка енергија и гас, како и начините за привлекување средства за финансирање на поврзувањето.

Романските печатени изданија уште го цитираа ставот на романскиот премиер дека Романија, Бугарија и Србија ќе ги затворат границите доколку своите граници ги затворат Германија и Австрија, а тоа ќе биде нивната заедничка позиција пред утрешниот мини самит во Брисел.

Бугарија, Романија и Србија ќе бидат подготвени да ги затворат своите граници за мигрантите, доколку Германија и Австрија го направат истото, изјави на средбата бугарскиот премиер Бојко Борисов, забележуваат романските медиуми.

-Ние ги исполнуваме нашите задачи, ние сме солидарни со цела Европа, изјави Понта, информира весникот „Гандул“. „Но, одговорноста не може да се падне само врз некои земји“, дополни тој.

-Ако има земји кои ќе ги затворат своите граници или кои ќе кренат огради, ние имаме право благовремено да се заштитиме, изјави романскиот премиер.

Српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата изјави дека проблемот не е во регистрацијата на бегалците или во отворањето поголеми центри.

-Ниту едно од овие нешта не е проблем за Србија. Но, ако некој мисли дека ние можеме да бидеме место за два или три милиони бегалци, тоа е нереално, рече српскиот премиер, цитиран од „Гандул“.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто