Помпео: Црногорската Влада да почне дијалог со СПЦ за спорниот Закон

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и порача на Владата на Црна Гора да отвори дијалог со Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора за Законот за слобода на вероисповед и неговата примена и изрази загриженост за „постојаните тензии и изолирани инциденти на насилство“, пренесува Танјуг.

„Ја охрабруваме Владата на Црна Гора да започне отворен и транспарентен дијалог со Српската православна црква за Законот и неговото спроведување. Секој обид да се разгледа валидноста на побарувањата за имот треба да биде целосно во согласност со црногорскиот закон и Европската конвенција за човекови права, рече Помпео како одговор на архиепископот Елпидофор, претседател на Собранието на канонските православни епископи со седиште во Њујорк.

Помпео посочува дека тој и претседателот Доналд Трамп се цврсто убедени дека поединците на кое било место во светот имаат неотуѓиво права мирно и отворено да ја практикуваат својата религија.

Тој во писмото вели дека Стејт департментот го набудувал развојот на ситуацијата во врска со новиот Закон за слобода на вероисповед и оти разбира дека „некои религиозни групи искажале загриженост во врска со законските одредби за сопственоста на имотот и правниот процес преку кој ќе се суди за спорна сопственост“.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски